Македонија има највисока стапка на невработеност во регионот од 33 отсто, македонскиот БДП по глава на жител е меѓу најниските во регионот, а просечните плати на Македонците се меѓу најмалите. Ова се наведува во анализата на хрватскиот магазин “Банка„, според кој по стапката на невработеност, по Македонија во регионот следуваат БиХ со 23,4 отсто, Хрватска со 15 проценти и Црна Гора со 14,7 отсто невработени. Најниска плата од 320 евра, во регионот имаат граѓаните на Србија. Малку пред нив се Македонците со просечна плата од 330,83 евра. Следуваат БиХ со просечна плата од 394,50 евра, Црна Гора со 456 евра, Хрватска со 724,13 евра, а на прво место во регионот е Словенија со просечна плата од 935,11 евра.
Македонија има највисока стапка на невработеност во регионот од 33 отсто, македонскиот БДП по глава на жител е меѓу најниските во регионот, а просечните плати на Македонците се меѓу најмалите.
Ова се наведува во анализата на хрватскиот магазин “Банка„, според кој по стапката на невработеност, по Македонија во регионот следуваат БиХ со 23,4 отсто, Хрватска со 15 проценти и Црна Гора со 14,7 отсто невработени.
Најниска плата од 320 евра, во регионот имаат граѓаните на Србија. Малку пред нив се Македонците со просечна плата од 330,83 евра. Следуваат БиХ со просечна плата од 394,50 евра, Црна Гора со 456 евра, Хрватска со 724,13 евра, а на прво место во регионот е Словенија со просечна плата од 935,11 евра.
Словенија, според истиот извор, лани имала највисок бруто домашен производ (БДП) по глава на жител од 18.367 евра. Зад неа следуваат Хрватска со 14.222 евра, па Црна Гора до 4908 евра и Србија со 4.651 евро. Последното место го делат Македонија и БиХ со по 3.290 евра БДП пер капита, наведува Банкамагазин.